МВР отвори истрага: Го нема ниту мртовецот ниту сторителите кои го украдоа од струмичката болница

Струмичќа болница фото МИА

Од СВР Струмица попладнево преку кусо соопштение информираа дека денес во 9:30 часот е добиена пријава од Општа болница Струмица.

-Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Инаку, претпладне околу 9 часот часот група струмичани украдоа мртовец од Инфективното одделение на болницата.

Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.

Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, го осуди овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест.

„Сè се случи како во хорор филм“- група струмичани украле мртовец од болница!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот