МВР од утре ќе лови кој не носи маска

Македонија Скопје плоштад ковид-19 коронавирус маски
Девојки со заштитни маски пешачат низ празниот плоштад во Скопје /14 март 2020, Скопје, Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Глобата за граѓаните за непочитување на мерките изнесува 20 евра.

Од утре, полицијата ќе може да го казни секој граѓанин со 1.200 денари (20 евра) казна доколку на себе не носи заштитна маска. Оваа нова уредба се очекува да стапи на сила од утре, откако денеска таа на владина седница ќе биде предложена и образложена од министерот за здравство Венко Филипче. Тој на вчерашната он лајн прес конференција рече дека ќе предложи граѓаните кои не носат заштитна опрема надвор да се казнуваат.

Ставот на Министерството за здравство уследи откако по скратувањето на полицискиот час дел од граѓаните не ги почитуваат мерките за задолжително носење на маски во затворен простор, но и додека шетаат на отворено и не одржуваат дистанца од два метри.

Филипче појасни дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема во услови каде е пропишано, но и граѓани кои ја носат маската или прекривката на лицето под брадата или во рака. Има и граѓани кои, како што рече, ја почитуваат оваа мерка и свесни се дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот.

Министерот за здравство уверува дека ако доследно ја почитуваме оваа мерка, како и сите претходно за кои има оправданост, ќе се заштитиме и себе си и нашите семејства и сограѓаните, ќе превенираме раст на број на заболени.

Глобата за граѓаните за непочитување на мерките изнесува 20 евра.

За правните лица што нема да обезбедат заштитна опрема на своите вработени, пак, казната е 2.000 евра, а за одговорното лице во фирмата казната е 500 евра.

Видео на денот