МВР ноќва апсеше дилери на кокаин и марихуана

Во повеќе полициски акции во текот на ноќва се апсеа лица кај кои полициски службеници пронашле кокаин и марихуана, информира МВР во дневниот билтен.

-На 13.11.2019 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партение Зографски“  го лишиле од слобода В.С.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, Исто така, на бул.„Трета Македонска Бригада“ го лишиле од слобода А.Н.(26) од Скопје за поседување марихуана.

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во подрачјето на населба Карпош го лишиле од слобода В.Ш.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

По документирање на овие случаи, против нив МВР ќе поднесе соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот