МВР: Мајка и син пронајдени починати во нивниот дом во Скопје

Полиција/ фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека вчеравечер (недела) биле пронајдени две лица биле пронајдени починати во нивниот дом во Скопје.

– На 3 јануари околу 20:26 часот во полициска станица во Скопје било пријавено дека две лица во дом на улицата „Призренска“ се пронајдени починати. Станува збор за мајка и син на возраст од 91, односно 57 години, стои во полицискиот билтен.

– Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле предадени на обдукција, се додава во билтенот на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот