МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштата

Дојава за бомба во средно Јосип Броз Тито / Фото: Слободен печат - Методиј Здравев

Сите дојави за наводно поставени бомби во средни училишта во Скопје се лажни, информира Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението.

Додаваат дека по добиените пријави, полицијата ги презема сите мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Ова се први дојави за бомби во второто полугодие, што започна пред речиси две недели.

Дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот