МВР ќе издава лични карти и викендите кога ќе се гласа за избор на претседател

Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и во недела, односно на 20 и 21 април 2019 година, како и на 4 и 5 мај 2019 година, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Наведоа дека сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

– Барањата за за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот