Само на територијата на град Скопје се изречени вкупно 202 мерки за сообраќајни прекршоци, меѓу кои 22 за користење на мобилен телефон за време на управување автомобил, информираат од Министерството нза внатрешни работи (МВР).
За возење без возачка дозвола се изречени 17 санкции, додека, како што соопшти МВР, 19 мерки се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за непочитување на брзината на движење, пет за минување на црвено светло и 58 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат, се навеудва во соопштението, и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.