МВР казни 10 возачи

На подрачјето на Скопје, вчера сообраќајната полиција од сообраќај исклучила 10 возачи, од кои еден управувал возило под дејство на алкохол, седуммина управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања.

Од сообраќај се исклучени и 13 возила кои не биле регистрирани.

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 29 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 61 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот