МВР ја пронајде жената која тепаше дете во игротека (ВИДЕО)

Македонската јавност е згрозена од видео снимка која се појави денес на социјалните мрежи. На видеото се гледа како жена тепа мало дете во игротека. За Телевизија Сител, сопственикот на игротеката вели дека случајот е пријавен во МВР, а полицијата ја пронајде жената.

Денеска околу 15:57 часот А.М.,  сопственик на  угостителски објект пријави  дека утрово околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како НН женско лице во игротеката физички малтретира дете.

Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот. По пријавата полицијата утврди дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето.

Лицето е приведено и известен е јавен обвинител за натамошна постапка.

Од игротеката апелираат за помош, како и надлежните органи да преземат мерки за овој немил настан, а жената да биде соодветно казнета.

– Бевме сведоци на случај каде жена малтретира мало дете. Случајот е пријавен во полиција, тоа што е објавено на нашата страна е само дел од видеото. Имаме петминутно видео, но незнаеме дали жената е мајка, негувателка, дали е во некакво крвно сродство. На видеото се гледа како детето се гуши, жената го носи под едниот од реквизитите- бродот, но тоа не се гледа на снимката, меѓутоа целото видео е предадено на полицијата, велат од игротеката за ТВ Сител.

Игротеката „Дежа ву“ во трговскиот центар Капитол, на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели видео од нивната безбедносна камера, на кое се гледа како три дечиња си играат, а жената зема едно дете од нив и го тресе, му удира шлаканици, па го фрла на стол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот