МВР: Изречени 202 казни по разни основи во последниот ден од ноември

Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден (30 ноември).

– Само на територијата на град Скопје се изречени вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола – 18 санкции, за технички неисправни и нерегистрирани возила – 13 мерки, за непрописно паркирани возила – 65 санкции, „пајак службата подигна 49 возила и за неносење на заштитна маска – 21 санкција, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР порачуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжуваат и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот