МВР: Изречени 135 санкции за брзо возење

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

МВР вчера во рамки на акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, изрекло санкции за 135 возачи. Од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, како што информираат денеска од МВР, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Извор: МИА

Видео на денот