МВР и Пазарна инспекција: Неправилности во три менувачници во Куманово

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

При вчерашната контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење со купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, од страна на полициски службеници од ОЕК при СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат се констатирани неправилности кај три правни и едно физичко лице.

Како што информираат од МВР, неправилностите се однесуваат на прекршување на Законот за девизно работење.

При контрола на правно лице од Куманово М.К, утврдено е дека не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари. Кај правното лице како нерезидент на НБРСМ во моментот на контролата во касата за дневен промет биле пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути, меѓу кои и 4,7 милиони денари, 41.400 американски долари, 2.700 евра, 1.100 швајцарски франци и 4.200 бугарски левови.

За време на контролата било констатирано дека и правно лице, чиј управител е Д.М. од Куманово, не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а во касата за дневен промет располагало со ефективни домашни и странски пари во голем износ, и тоа: 321.600 денари, 630 евра и 320 американски долари.

Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во износ од 325 евра, 100 американски долари, 4.700 швајцарски франци, 34.500 денари, 4.800 српски динари.

На Градскиот плоштад во Куманово, затекнат бил М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно од Законот за девизно работење и кај него се пронајдени 30.000 српски динари, 2.700 бугарски левови, 700 евра, 1.500 швајцарски франци, 162 американски долари и 65.300 денари.

За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица беше известен дежурен јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот