МВР го откри идентитетот на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава

Бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки загинаа во авионската несреќа што попладнево се случи кај Солунска Глава, објавија дел од бугарските медиуми.

-Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава, информира вечерва на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој информира дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

-Лоцирани се преку воздушен простор. Временските услови на локацијата се лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до локацијата, тоа засега е невозможно поради непристапен терен. Се прават обиди во најскоро можно време да се дојде и физички до авионот, рече Ангеловски.

Загинатите лица се родени  2000, 2005, 1970 и 1972 година.

Поради лошите временски услови вечерва е прекината потрагата по  урнатиот авион.

Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен и голема височина, информираат од  КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Оттаму додаваат дека потрагата ќе ја продолжат утре.

Со пронаоѓањето на остатоците од авионот, како што информираат од АЦВ, завршува акцијата за трагање и спасување. Сите активности ги презема КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Од АЦВ се должни за несреќата да ги информираат државите на производство на авионот, на регистар, како и сопственикот на воздухопловот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот