МВР до Чулев: Протестот не ви е пријавен, нема архивско бројче, ниту маршрута ниту точки на застанување

Протест „Ултиматум – Не благодарам“ / 6 јули 2022 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги отфрла тврдењата пласирани на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Наќе Чулев и го повикува да го покаже архивското бројче од актот со кој тврдат дека го пријавиле протестот, со наводно однапред позната маршрута на движење и точки на застанување. Таква пријава, како што велат, во МВР не постои.

-Согласно член 3 од Законот за јавни собири, известувањето се поднесува во подрачната единица на МВР на чие подрачје се одржува јавниот собир и во него е наведен организаторот на протестот со сите преземени мерки во врска со непречено организирање на протестот. Но, таков документ со архивски број нема, бидејќи таков акт не постои, велат од МВР.

Нагласуваат дека поранешниот министер за внатрешни работи Чулев точно знае дека согласно законот, организаторот кој го пријавил протестот може да сноси и одговорност за активностите кои се случуваат на истиот.

-Оперативниот план на МВР со мерки и активности е изготвен согласно оперативните сознанија на полицијата, а не според изнесените дезинформации за уредно најавен протест, и благодарение на тој план, со брза реакција на полицијата беа избегнати поголеми инциденти, а досега се приведени 20 лица, од кои против 12 веќе се поднесени кривични пријави, прецизираат од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот