МВР чека ОЈО да одлучи дали против реисот на ИВЗ ќе се покрене кривична пријава

Колегите комуницираа со јавниот обвинител и сега чекаме. ОЈО треба да не води во постапката, тврди Чулев.

Техничкиот министер за надоворешни работи, Наќе Чулев во вечерашното интервју на ТВ 24 негираше дека МВР не поднесува кривична пријава против реисот Сулејман Реџепи, за изјавата со која се закани дека ќе ги повика верниците да не ги почитуваат мерките, бидејќи станува збор за првиот човек на Исламската верска заедница.

-Чекам колегите да се искоординираат со Основното јавно обвинителство, па да се одлучи дали ќе се оди со кривична пријава. За тоа дали има елементи во неговата изјава за кривична пријава, да почекаме што ќе каже ОЈО. Не би да преудицирам одлука на ОЈО. Колегите комуницираа со јавниот обвинител и сега чекаме. ОЈО треба да не води во постапката, тврди Чулев.

Додаде дека кај граѓаните забележале зголемена агресија, зголемен број случаи на семејно насилство, и насилство од општ вид.

Министерот Чулев ги охрабрува граѓаните да пријават семејното насилство, доколку го има. Доколку не можат на телефон заради ограничувањето на движењето, тоа да го направат во најблиската полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот