МВР: Апатридите од СФРЈ до македонско државјанство преку Законот за странци

Патна исправа, пасош/ Фото: ЕПА

Министерството за внатрешни работи потврдува дека како институција не располага со конкретна евиденција колку лица без државјанство живеат на територија на државата.

Откако претходно челниците на МВР најавија дека ќе изготват нови предлог измени на Законот за државјанство, оттаму сега велат дека согласно Законот за странци имало посебни услови за стекнување постојан престој во земјава за лицата кои до 8 септември 1991 година биле државјани на СФРЈ, а по наведениот датум продолжиле да престојуваат во Македонија, како и нивните деца кои се на возраст над пет години.

Согласно законското решение, тие треба во рок од три години од влегување во сила на Законот за странци да поднесат барање за одобрување на постојан престој.

– За овие лица не важат општите услови за одобрување постојан престој кои се предвидени за останатите странци кои аплицираат за постојан престој во РСМ. Сметаме дека можноста за регулирање постојан престој на оваа категорија лица е добра основа за решавање на проблемот на лицата кои продолжиле да престојуваат на територијата на РСМ по распадот на СФРЈ, а кои по потекло се од некоја од поранешните југословенски републики, но, во меѓувреме не се стекнале со друго државјанство и се фактички лица без државјанство, велат од МВР без да откријат детали за процесот.

Инаку, Законот за странци стапи во сила на петти јуни 2018, па дури во јуни годинава истекува можноста за поднесување барање за одобрување на постојан престој на лицата кои тука живееле до распадот на Југославија, а во меѓувреме останале без државјанство.

МВР веќе даде негативно мислење за измените на Алијансата за Албанците на Законот за државјанство кои се уште се во собраниска процедура, а од партијата велат дека расправата во Собранието се опструира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот