МВР: 104 лица не го почитувале полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во соопштението објавено на веб-страната на МВР се посочува дека по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 82 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и  евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот