МВП трка: Јокиќ и натаму прв на официјалната листа, ривалите ништо не му можат

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ, центарот на Денвер нагетс и оваа НБА сезона би можел да ја освои МВП наградата за најкорисен играч. Јокиќ направи многу минатата сезона со тоа што стана првиот српски кошаркар со МВП титула. Веќе оваа сезона, може да запише историски потфат и да стане дел од елитната група на луѓе кои ја освоиле оваа награда двапати (или повеќе).

Рекордер е Карим Абдул Џабар со шест титули МВП, Бил Расел и Мајкл Џордан следат со по пет МВП титули, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс имаат по четири, Лери Бирд, Мозес Мелоун и Меџик Џонсон имаат по три, а по две Боб Петит, Карл Мелоун, Тим Данкан, Стив Неш, Стеф Кари, Џенис Адетокумбо, а можеби сезонава и Никола Јокиќ.

Во поразот од Феникс постигна 28 поени, гледајќи ги досегашните перформанси на Јокиќ и високите стандарди што ги постави, тоа е просечен учинок за Јокиќ, особено доколку се земе предвид дека на последните 15 натпревари имаше 10 или помалку скокови. Поразот од Денвер го донесе тимот од Колорадо до само една победа над Минесота во борбата за позицијата број 6 на Западот.

Џоел Ембид од Филаделфија, кој оди по стапките на Јокиќ, во победата против Лејкерси имаше учинок од 30 поени, 10 скока и три асистенции, блокади и украдени топки.

Третопласираниот во трката за МВП, Јанис Адетокумпо, во вторникот против Чикаго постигна 25 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади, со дури девет загубени топки. Трката за МВП продолжува со натпреварите од Денвер против Оклахома, Филаделфија против ЛА Клиперс и Милвоки против Мемфис Гризлис.

Тековната МВП трка изгледа вака:

1) Никола Јокиќ, Денвер нагетс
МВП рангирање за минатата недела: Број 1
Распоред до крајот на сезоната: 8 натпревари (5 дома / 3 на гости)
Следен натпревар: Оклахома против Денвер

2) Џоел Ембид, Филаделфија сиксерс
МВП рангирање за минатата недела: Број 2
Распоред до крајот на сезоната: 10 натпревари (4 дома / 6 на гости)
Следен натпревар: Филаделфија против ЛА Клиперс

3) Јанис Адетокумпо, Милвоки бакс
МВП рангирање за минатата недела: Број 3
Распоред до крајот на сезоната: 9 натпревари (3 дома / 6 на гости)
Следен натпревар: Милвоки против Мемфис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот