МВП наградата на Ол стар натпреварот ќе го носи името на Коби Брајант

твитер

Првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер објави дека наградата за најкорисниот играч на Ол стар натпреварот ќе се вика по Коби Брајант.

Официјалното име ќе биде „Kobe Bryant MVP Award“, во чест на трагично загинатиот легендарен кошаркар на ЛА Лејкерс.

– Никој не е симбол на Ол стар како што е КОби Брајант – изјави Силвер.

Брајант настапи дури 18 пати на ол стар натпреварите, а МВП признанието за најдобар играч на натпреварот го освојуваше четири пати.

Првата награда наречена по Брајант ќе биде доделена оваа година, во дуелот на екипите на Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.

На овој натпревар, тимот на Леброн ќе настапува во дресови со број 2, додека тимот на Јанис ќе игра со дресови со број 24, се во чест на трагично загинатите Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот