Музиката сепак познава граници: Вдовицата на Оливер Драгоевиќ откри зошто тој не сакал 27 години да пее во Србија (ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Музиката сепак познава граници: Вдовицата на Оливер Драгоевиќ откри зошто тој не сакал 27 години да пее во Србија (ВИДЕО)

Весна ја раскажа приказната поврзана со нејзиното семејство

За разлика од неговите колеги кои без проблем пејат во Србија, покојниот Оливер Драгоевиќ имаше изјавено дека никогаш нема да пее во Србија, а сега неговата вдовица Весна откри зошто донел таква одлука.

Оливер не пеел во Србија никогаш после 1991 година. Весна ја раскажа приказната поврзана со нејзиното семејство и една реченица која Оливер ја изговорил во врска со тоа.

Фото: Јутрањи.хр

– Никогаш не кажал нешто грубо. Тој беше таков, се држеше до зборот во многу ситуации, не само за тоа. Кога започна војната, мајка ми, татко и сестра ми дојдоа тука во Сплит. Видовме како горат бродови, тука беше и бродот од 10 метри на мојот татко кој започна да ги гради кога започнав во основно училиште. Се викаше „Копакабана“. Татко ми виде дека гори бродот и не престана да плаче – рекла Весна во една емисија и додала:

– Оливер тогаш му кажа да не се нервира. Му рече: „Јас таму многу работев, бев милион пати, ако ви е утеха, јас веќе никогаш нема да пејам таму“. Тоа е единствена реченица која ја кажа во врска со тоа. Ништо немаше против тој, доаѓаа Срби во Сараево, Тузла…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close