Музиката на „Софиските солисти“ ги  допре срцата на публиката на „Охридско лето“

Софиски солисти

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“ донесе концерт на Камерниот оркестар Софиски солисти  од Бугарија кој настапи под диригентската палка на маестро Георги Патриков.

Солист на вечерта беше познатиот македонски флејтист Страшо Темков кој вели дека првпат настапува со овој реномиран камерен состав.

Публиката уживаше во Античката свита на композиторот Џон Рутер, во моцартовото Диовертименто за гудачи, во Едноставната симфонија на Бенџамин Бритн, во Серенадата од Антонин Дрворжак, а извонредните музичари ја доловија и композицијата Македонско капричо од Драган Шуплевски.

Камерниот оркестар „Софиски солисти“ е основан во 1962 година од страна на група млади музичари, тогашни членови на Софиската опера.

Првиот концерт се одржал во март 1962 година под диригентската палка на Михаил Ангелов и веднаш ги освоил симпатиите на софиската публика.

Ансамблот остварил бројни турнеи во земјите од Европа, но и 10 турнеи во САД, 13 во Јапонија, 7 во Кореја, но и настапи во Кина, Австралија и Јужна Америка. Настапувале во престижни концертни сали како: „Карнеги хол“ во Њујорк, „Ројал Алберт хол“ и „Барбикан“ во Лондон, „Гевандхаус“во Лајпциг, салата „Гаво“ во Париз, „Концертгебау“ во Амстердам, операта во Сиднеј, „Сантори хол“ во Токио и „Симфони хол“ во Осака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот