Музиката ме спаси од дрога и проституција: Јас сум таа која требаше да биде на погрешно место во погрешно време

Пејачката Алиша Кис  е една од најпознатите изведувачи во светот денес, а во интервју за „The Guardian“ открива дека нејзината музичка кариера ја спасила од дрога и проституција!

Алиша Кис (39) на светската музичка сцена се појави во 2001 година кога со песната „Fallin’“ си обезбеди место на сите топ листи и влезе во друштвото на најпопуларните ѕвезди.

Instagram

Иако досега има продадено над 30 милиони албуми ширум светот и е горда сопственичка на бројни музички награди, по повод објавувањето на нејзиниот седми студиски албум насловен „Alicia“, таа искрено проговори за својот живот.

Instagram

„Јас сум личноста која не требаше да успее. Требаше да завршам како проститутка, млада мајка на 16 години или зависничка од дрога. Јас сум токму таа која требаше да се најде на погрешно место во погрешно време“, изјави пејачката во едно интервју.

Израснала во населбата „Hell’s Kitchen“ на западната страна на Менхетен во Њујорк и се присети на ситуации од 80-тите години.

Instagram

„Сè беше полно со порнографија, а проститутките беа на секој чекор на секоја улица“, вели Алиша.

Вели дека местото каде што израснала играл голема улога во нејзиниот моден израз низ годините.

„Јас секогаш носам нешто прешироко, темно и се обидувам да се скријам од луѓето. Кога ќе облечам нешто во светли бои, имам чувство дека луѓето може да почнат да ме допираат“, вели Алиша која имала навистина бурно детство, а денес е една од најуспешните жени во светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот