Музика низ “Слика” – Нов звук во етерот (ВИДЕО)

Фото: Промо

Во денови кога сме затворени во своите домови, музичарите се секогаш тука да ни го направат денот. Овој пат станува збор за нешто навистина ново, проект кој обединува повеќе музичари, а идејата е на Нино Спиркоски.

Се работи за нов музички проект кој е насловен Lines Define или како што вели Нино Спиркоски креаторот: “Наместо секој од нас да се затвори и да работи само на својот жанр, овој проект е всушност комбинацијата на различни стилови, жанрови и музичари со нивниот индивидуален израз.”

Токму првата соработка која го крши мразот на овој проект е “Слика”. Во истата, вокал е Матеј Петров кој го има напишано и текстот. Музиката е дело на Нино Спиркоски , а во аранжманот се придружуваат и Матеј Петров, Виктор Николовски и Емил Спиркоски.

За видеото се погрижи Бобан Костовски, а за уметничкиот дел се погрижи Ана Јовановска.

Во прилог видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот