МУЗИЧКИ ВРЕМЕПЛОВ: Дознајте кои настани ја одбележаа музиката низ историјата на денешен ден…

Денешниот ден, 22 април, низ историјата на музиката го одбележаа неколку важни настани за кои можете подетално да прочитате во продолжение…

1948 година – Роден е Зоран Модли, еден од најпознатите и најпопуларни ди-џеи на радио во поранешна Југославија.

1950 година – Роден е Петер Фрамптон, рок гитарист кој беше помеѓу основачите на групата „Humbie pie“, а по седумдесеттите години настапува како соло артист.

1978 година – Боб Марли со неговиот бенд „The Wailers“ настапија на „One love peace“ концертот, кој е организиран во Кингстон, Јамајка, поради смирувањето на „граѓанската војна меѓу политичарите“. Најинтересен момент беше самиот крај на концертот, кога на повик на Марли, на сцената излегоа двајцата политичари кои беа најголеми противници и јавно се ракуваа.

 

1983 година – Словенската група „Laibach“ одржа голем концерт во салата Слобода во Љубљана заедно со гости од Англија.

2007 година – Во Хрватска, Макарска, се одржа 14. доделување на музичките награди Порин и најмногу трофеи освои Џибони за албумот „Unca fibre“, а песната „Анџео у тебе“ е прогласена за најдобра песна. Помеѓу останатите добитници на оваа церемонија беа и Тина Вуков, Густафи, Потокази, Масинмо, Оливер Драгојевиќ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот