Музичката индустрија повика на запирање на работата поради Џорџ Флојд, МТВ ги замрачи екраните ширум светот

Instagram

Сите три главни американски дискографски куќи на социјалните мрежи објавија дека на еден ден престануваат со работа и „повторно се поврзуваат со својата заедница“, пишува Би-би-си.

Вработените денеска се слободни, а вторник е прогласен за „ден на акција, чија цел е да се поттикнат луѓето на одговорност и на промени“.

Бројни светски ѕвезди се огласија по повод смртта на Флојд.

Ријана на Инстаграм сподели чувства на гнев и тага низ кои поминува последнава недела.

Тешко ми е кога гледам моите луѓе да ги убиваат јавно и да ги погубуваат од ден во ден“, напиша пејачката.

EPA-EFE/PETER FOLEY

Бијонсе на Инстаграм објави видео, барајќи од своите фанови да ја потпишат петицијата со која се бара правда за Флојд.

Сите сведочевме на неговото убиство сред бел ден. Скршена сум и ужасната“, напиша.

EPA/LARRY W. SMITH

Лејди Гага на Твитер порача дека гласот на црнечката заедница е замолкнат веќе одамна и дека смртта на Џорџ Флојд е резултат на расизмот и на корумпираниот систем.

Тејлор Свофт на Твитер изрази гнев кон претседателот Доналд Трамп, а Трамп не го поштеди ни фронтменот на „Ганс ен Роузес“, Аксел Роуз, кој на Трамп му се обрати директно, одговарајќи на неговиот твит.

Аријана Гранде, Ник Канон, Јангблад, Камила Кабељо и Шон Мендез во текот на викендот се придружија на протестите одржани низ Америка.

МТВ ги замрачи екраните ширум светот

Телевизискиот музички канал МТВ и други сродни канали ширум светот во понеделникот објавија дека ќе ги замрачат екраните обележувајќи ја насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд и придужувајќи им се на останатите медиуми во осудата на расната нееднаквост.

Најавија дека во понеделник во 17 часот по локално време на 8 минути и 46 секунди ќе ги замрачат екраните, точно толку време колку што минатата недела полицаецот на Флојд со коленото му го притискаше вратот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот