Музичката икона Шер и на 74-годишна возраст изгледа како млада девојка: Сите знаеа дека ќе стане позната! (ФОТО)

Профимедиа

Пејачката Шер на 20 мај наполни 74 години, меѓутоа според тоа како изгледа, никој не може да верува дека тоа е вистина. Оваа дама е сопственичка на Оскар, Греми, Еми и три Златни глобуси.

Шер е родена како Шерлин Саркисијан Лапјер во калифорнискиот град Ел Сентро. Детството не ѝ било лесно, што можеби и го одбележал нејзиниот живот подоцна полн со успеси и падови.

Мајката на повремената манекенка и статистка работела како келнерка за да ја издржува својата ќерка, а се венчала и разведувала повеќе пати, поради што и многу често се селеле. Сето тоа влијаело на Шер. Никогаш немале доволно пари, а пејачката се присетила дека лепела гуми на чевлите за да не ѝ се распаднат. Во еден тежок период, мајка ѝ дури ја оставила во дом на неколку недели. И покрај тоа што скоро секој ден се гледале, тоа било трауматично искуство за малата Шер.

Профимедиа

Кога имала само 9 години, Шер развила невообичаено длабок глас по кој и денес е препознатлива. Тоа го негувала како дар. Во 5-то одделение таа го продуцирала мјузиклот Оклахома за своите професори и соученици. Таа собрала група на девојки и ја смислила кореографијата која требала да се изведе. Бидејќи не успеала да ги убеди момчињата да учествуваат, самата ги изведувала нивните улоги и пеела музички песни, што одлично одговарало на нејзината боја на гласот. Еден нејзин соученик се присетил на првиот пат кога ја здогледал Шер:

„Беше навистина посебна“

„Таа изгледаше како филмска ѕвезда, токму тогаш и на тоа место. Рече дека ќе биде позната и сите знаевме дека тоа ќе се случи. Иако никогаш не беше одличен ученик, од неа зрачеа креативност и интелегенција. Беше одлична по француски и англиски“

Профимедиа

Сепак, на 16 години сфатила дека има дислексија и за неа нормалното школување тогаш било незамисливо. Одлучила да го напушти училиштето и започнала да посетува приватни часови по глума. Подоцна таа се присетила:

„Никогаш со мислите не бев на училиште. Обично се замислував како ќе изгледа мојот живот кога ќе бидам возрасна личност и ѕвезда“.

Таа ја напуштила мајка си и заедно со една пријателка започнала да живее во градот на ѕвездите – Лос Анџелес. За да се издржува играла во холивудските клубови и користела можност да се запознава со изведувачи, менаџери и агенти.

Не се двоумела да пријде на било кој кого сметала дека би можел да ѝ помогне да дојде до некаква аудиција.

На 17-годишна возраст дошла до средбата која во голема мера ја одбележала нејзината кариера, но и живот. Во ноември 1962 година, Шер го сретнала изведувачот Сони. Салваторе Боно бил музичар, тонски снимател и помошник на познатиот холивудски продуцент Фил Спектор.

Познато е дека пејачката има фобија од стареење, поради што се труди секогаш да изгледа негувано и свежо, а поради тоа подлегнала и под голем број операции, Сепак, кога ќе се споредат нејзините слики од младоста и сликите кои се неодамна направени, пејачката изгледа потполно исто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот