Музичката дива е милионерка, а нејзиниот татко едвај врзува крај со крај

Ја напуштил кога имала само три години, а од кавгата во 2011 година ги заладија односите.

Богатството на британската пејачка Адел се проценува на речиси 140 милиони фунти, додека нејзиниот татко Марк Еванс работи како доставувач, пренесува „The Sun“.

Овие денови се појавија фотографии од нејзиниот татко кој доставува пакети и кој од својата ќерка не добива ниту едно пени.

Во позадина на оваа тажна ситуација е семејна кавга. Имено, таткото и ќерката се скарале во 2011 година, откако тој изјави дека Адел нема среќа со мажите бидејќи тој ја напуштил уште кога била дете.

Тогаш Адел одлучи да го прекине секој контакт со него. Еванс во интервју призна дека не би добар татко, бидејќи својата ќерка ја оставил кога таа имала само три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот