Музичка сцена: Бендот „Ред-тејлд хилер“ го објави својот трет сингл

Кумановското дуо „Ред-тејлд хилер“ (Red-Tailed Healer), кое се појави на домашната и на интернационалната сцена со своите сингл-изданија „Resilience“ и „Openness“, го издаде и својот трет сингл насловен „The Noria“.

– Нашата нова песна претставува поетска илустрација на несреќите и хендикепот на луѓето кои се раѓаат и растат во неразвиени држави, нивните аспирации и нивната надеж, како и нивната генерална огорченост и тенденција да се спротивставуваат на системските норми наметнати од новото, модерно хипер-општество – објаснуваат од бендот.

Бендот „Ред-тејлд хилер“ (или „Исцелителот со црвени перја“) со своето прво издание „Openness“ се појави во август 2020-та како оригинална идеја на Дамјан Милановски – Данска, музички ентузијаст и гитарист на поранешниот кумановски метал состав „Вандал“. Заедно со младата и талентирана пејачка и актерка, Ивана Стефановска, подоцна го издаваат и нивното второ издание „Resilience“, кое беше пласирано на интернационалната сцена преку дигиталната музичка платформа „Спотифај“.

– Наше задоволство е да создаваме стимулирачка музика, која инспирира и го слави внатрешниот трансформативен процес на поединецот во модерното општество. Веруваме дека младите луѓе во целиот свет и младите во Македонија знаат за нешто подобро од секојдневно-сервираниот медиокритет на полето на уметноста. Се надеваме дека нашите сизифовски напори ќе разбудат искра и желба кај младите да почнат да творат за тоа што е вистинито и со доза на одговорност да создаваат уметност со безвременски квалитет – потенцираат од бендот „Ред-тејлд хилер“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 67, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот