Нашиот музичар Гоце Талевски ја изгуби битката со коронавирусот

facebook
принтскрин
Музичарот Гоце Талевски, член и еден од основачите на музичката група „Оскар“ од Битола почина денес од компликации поврзани со коронавирус.
Веста за неговата смрт ја потврдија неговите колеги од музичката група „Оскар“.
Жална вест… Денес нè напушти нашиот брат, еден од основачите на група „Оскар“ од Битола… Не сакаме да веруваме и не можеме да го прифатиме ова што ни е припуштено како болка…. Почивај во мир единствен Гоце Талевски“, пишуваше во објавата на „Фејсбук“ на официјалниот профил на музичката група.
Последен поздрав ќе му се оддаде на неговото вечно почивалиште од 13:30 часот на старите светонеделски гробишта во Битола.
Гоце Талевски поради компликации од коронавирус бил пренесен во приватната болница Филип Втори. Имајќи предвид дека трошоците за лекување се многу високи, неговите колеги изминатиов период собираа донации за да му помогнат…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот