Музичарот Давид Велков освои награда на натпревар во Кина - Слободен печат

Музичарот Давид Велков освои награда на натпревар во Кина

Давид Велков, помладиот син на нашиот врвен хармоникаш и композитор Сашко Велков, пред два дена се врати од Кина каде беше дел од 72. Светски куп мудијал (World Accordion Championships), каде го освои одличното 13 место од вкупно 58 пријавени кандидати.

Велков помладиот на натпреварот одржан во Шенжен, се натпреваруваше свирејќи класична музика во категоријата Masters coupe mondiale. Давид, инаку е трета година на Факулетот за музичка уметност (хармоника) во класата на професорката Зорица Каракутовска, која е и главниот виновник за освојувањето на оваа награда и која беше и дел од жири-комисијата на ова врвно светско натпреварување, кое се одржа во периодот од 12 до 17 август.

„За овој натпревар се подготвував три месеци, што навистина е мал период за подготовка за светски натпревар од овој вид, каде конкуренцијата е преголема“, вели Давид, кој веќе има освоено многу награди, меѓу кои и една прва во категоријата јуниори во жанрот фолк музика, и тоа во соседна Србија.

Вели, оваа награда му е драга затоа што не е лесно паралелно да се свират два различни жанра – класика и фолк, иако признава засега повеќе е посветен на класичната музика. Со овој избор на Давид се согласува и неговиот татко, виртуозот на хармоника, маестро Сашко Велков.

Прочитај повеќе

Тачи договорот за авиолинијата го смета за одличен и незаменлив проект

Слободен печат

Тачи: Со Гренел зборувавме за дијалогот Косово-Србија

Слободен печат

Хафтар воведе забрана за сите видови авиони: Ќе го соборам секој што ќе полета од Триполи

Слободен Печат

Османи: ДУИ ќе го почитува принципот „победник со победник“

Слободен Печат

О2 иницијативата бара објаснување за одложувањето на расправата за забрана за увоз на отпад во Собранието

Слободен печат

ЦИА ОТКРИВА: САД го поддржувале Садам Хусеин во нападите со нервен гас врз Иран

Слободен Печат

Остави Коментар

20 − fifteen =

Прочитај повеќе

НОВА ТРГОВСКА ВОЈНА НА ПОВИДОК: Британците предизвикуваат гнев, а причината се Гугл и Фејсбук

Слободен печат

Макрадули: Во 2020 нов повик за субвенции за поставување филтри кај мали и средни компании

Слободен Печат

Продолжува процесот за отповикување на Трамп

Слободен Печат

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Почуствуван е и на грчкиот остров Лезбос

Слободен печат

Кина го затвора Вухан поради опасност од ширење на коронавирусот

Слободен Печат

Отфрлени промените на предлог-законот за Брегзит

Слободен Печат