Музети оптимист: Бев поразен од Ѓоковиќ токму во Париз, но сега е поразлично
Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети е оптимист пред дуелот со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Олимписките игри во Париз.
Музети направи големо изненадување и го елиминираше актуелниот олимписки шампион Александар Зверев. Мечот беше многу неизвесен, а по повеќе од два часа борба заврши во два сета, со разлика – 7:5, 7:5.
По триумфот најпрвин изјави дека не е важно против кого ќе игра во полуфиналето, а потоа истакна дека е подготвен за медал.
– Го играм најдоброто во животот. Подготвен сум да го освојам медалот што го чекаме точно 100 години – оптимист е Италијанецот.
Тој го коментираше и Ѓоковиќ, мислејќи на последниот дуел одигран против него.
– Неодамна загубив од Новак токму тука во пет сета. Беше голема борба и мислам дека пресудна беше разликата од третиот до петтиот сет според искуството и физичките можности. Олимпискиот турнир од друга страна се игра на два добиени сета и очекувам тоа да ми помогне – вел Музети.
Денешното полуфинале меѓу Ѓоковиќ и Музети е закажано за 19.00 часот, а претходно од 13.30 часот Феликс Оже-Алијасим (Канада) ќе игра против Карлос Алкараз (Шпанија).