Муза на Хичкок и принцеза на Монако: Модната икона Грејс Кели која се откажа од актерството во врвот на кариерата! (ФОТО)

профимедиа

Станувајќи принцеза на само 26 години, музата на режисерот Алфред Хичкок, Грејс Кели е една од холивудските икони кои ја дефинираа златната ера. Млада жена која секогаш била во тренд со својот елегантен и грациозен стил.

профимедиа

Сите во некој момент од животот сме гледале модни стилови на одредени личности и сме се обиделе да ги копираме.

профимедиа

Грејс Кели носела едноставни и класични предмети. Од широки маици до Оксфорд кошули, тесни суќни и фармерки, Грејс носела се во неутрални и пастелни бои. Таа носела штикли, еспадрили и дури патики со апсолутна доверба. Стилот кој секогаш е беспрекорен и елеганцијата, ја направија Грејс Кели инспирација на многу дизајнери.

профимедиа

Како Американка, Грејс Кели станала првиот член на европското благородништво од тој континент, како и првата славна личност што се омажила за една од благородните куќи на Европа. Таа се здоби со светска слава за улогата во филмот „Точно напладне“, а денес ја паметиме претежно за нејзините улоги како ладна русокоса во филмовите на Алфред Хичкок.

профимедиа

Иако Грејс Кели била актеркси активна 6 години, бидејќи своето прво деби го остварила во 1951 година за на крајот да се повлече додека е на врвот на славата во 1956 година, подоцна во нејзините записи се воспоставило како голема грешка за која таа зажалила.

профимедиа

Таа се венчала со Рејнер Трети на 18 април 1956 година во Монако пред 3 илјади гости и бројни телевизиски камери. Се проценува дека нивната венчавка ја следеле околу 30 милиони луѓе ширум светот, а венчаницата на Грејс останала запишана во модната историја како „моден момент вреден за памтење“.

профимедиа

Таа починала во сообраќајна несреќа во 1982 година, а за време на животот станала модна амбасадорка која го популаризирала брендод Хермес.

профимедиа
профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот