Му­вла­та во до­мот мо­же се­ри­оз­но да ви го на­ру­ши здрав­јето

Ре­чи­си во се­кој дом има прос­то­ри­ја во ко­ја има му­вла, ко­ја и од ес­тет­ски но и од здрав­стве­ни при­чи­ни мо­ра што е мож­но поб­ргу да се от­страни. Овој проб­лем мно­гу по­чес­то го има­ат оние лу­ѓе кои жи­ве­ат во куќи, от­кол­ку оние во ста­но­ви и вак­ва­та по­ја­ва нај­чес­то се за­бе­ле­жу­ва по ќо­ше­ви­те на куј­ни­те и на ку­па­ти­лата, по­ра­ди по­стоја­на­та влаж­ност на воз­ду­хот.

По­ја­ва­та на му­вла во до­мот, нај­при­сут­на е во есен и во зима, ко­га тем­пе­ра­ту­ра­та не е мно­гу ви­со­ка, а ко­ли­чес­тво­то на вр­не­жи е зго­ле­мено. При­чи­на за неј­зи­на по­ја­ва мо­же да би­де и не­до­вол­но гре­е­ње и цир­ку­ла­ци­ја на воз­дух во ус­ло­ви на зго­ле­ме­на вла­га во прос­то­ри­јата, а то­гаш нај­чес­то се по­ја­ву­ва во аг­ли­те на со­бата, по­за­ди за­ве­сите, пла­ка­рите, ка­ко и на спо­е­ви­те на про­зор­ците. Му­вла­та на ѕи­до­ви­те се ма­ни­фес­ти­ра во вид на точ­ки со црна, си­ва или ка­фе­на боја.

Се­пак, иа­ко ре­чи­си се­кој од нас се со­о­чил со вак­ва­та сос­тој­ба во до­мот, рет­ко кој знае, кол­ку ис­та­та мо­же да би­де штет­на и да ос­тави трај­ни по­след­ици по на­ше­то здравје, осо­бе­но до­кол­ку по­дол­го вре­ме сме из­ло­же­ни на неј­зи­но­то вли­ја­ние. Пок­рај тоа, таа мо­же да ос­ло­бо­ди лош ми­рис и да ве на­те­ра да ки­ва­те по­ра­ди од­ре­де­ни чес­тич­ки што ги ос­ло­бо­ду­ва во воз­ду­хот. Ки­ва­ње­то не зна­чи де­ка сте алер­гич­ни на му­вла, но кај не­кои лу­ѓе мо­же на­вис­ти­на да се по­ја­ват сим­пто­ми кои ука­жу­ва­ат на алер­гија.

За­тоа, об­рне­те вни­ма­ние до­кол­ку во ва­ши­от дом има му­вла а вие по­стоја­но чув­ству­ва­те де­ка ве че­шаат, сол­зат и пак има­те цр­ве­ни­ло во очите. По­тоа, до­кол­ку има­те чес­та гла­во­болка, хро­нич­на каш­лица, проб­ле­ми со си­ну­сите, зат­нат нос, за­мор, чу­ден осип на ко­жата.

До­кол­ку ги има­те не­кои од овие сим­птоми, не че­кајте, ту­ку вед­наш по­се­те­те го ма­тич­ни­от ле­кар и по­ба­рај­те струч­на по­мош од мај­с­тор кој мо­же да го ре­ши проб­ле­мот со нас­та­ну­ва­ње­то на му­вла­та во ѕи­до­вите. За­тоа што, иа­ко док­то­рот ут­врди де­ка има­те проб­лем по­ра­ди му­вла­та и при­ма­те со­од­вет­на те­ра­пи­ја за тоа, а при­та не ги са­ни­ра­те мес­та­та ка­де што ис­та­та ја има, ва­ше­то здрав­је и по­на­та­му ќе би­де из­ло­же­но на опас­ност.

Тоа е така, за­тоа што, не­кои ви­до­ви на му­в­ли се при­чи­на за соз­да­ва­ње на мик­ро­ток­си­ни кои мо­жат да би­дат дос­та опас­ни за на­ше­то здравје. Изло­же­нос­та на ви­со­ки ни­воа на мик­ро­ток­си­ни мо­же да пре­диз­ви­ка и нев­ро­лош­ки проб­леми.

До­кол­ку пак во ва­ши­от дом се уш­те не­ма по­ја­ва на му­вла и на влага, вак­ви­те по­ја­ви мо­же­те да ги кон­тро­ли­ра­те и на тој на­чин не­ма да мо­ра да се со­о­чи­те со  ве­ќе на­ве­де­ни­те проб­леми.

Еве ви не­кол­ку со­ве­ти ка­ко да го кон­тро­ли­ра­те по­ја­ву­ва­ње­то на вла­га­та и му­вла­та во ва­ши­от дом. Нај­ле­сен и на­јед­нос­та­вен на­чин за тоа е по­стоја­но­то про­вет­ру­вање. За­тоа мно­гу чес­то от­во­рај­те ги про­зо­ри­те за прос­то­ри­ја­та да се про­ветри, а до­кол­ку сте во мож­ност, про­зо­рот во ба­ња­та не­ка ви би­де по­стоја­но от­во­рен. На овој на­чин во го­ле­ма ме­ра вла­га­та не­ма да им нап­ра­ви се­ри­оз­на ште­та на ѕи­до­ви­те во ва­ши­от дом.

Ис­то така, мно­гу важ­но е и за­то­по­лу­ва­ње­то во до­мот. За­топ­лу­вај­те ги прос­то­ри­ите, та­ка што ќе од­ржу­ва­те кон­стан­тна тем­пе­ра­ту­ра ко­га вре­ме­то е лад­но или влажно, а ис­то та­ка се препо­ра­чу­ва да се за­топ­лу­ва и ба­њата. Се­пак,  за трај­но ре­ше­ние нај­доб­ро е да нап­ра­ви­те изо­ла­ци­ја на ва­ши­от дом. Кон­ден­за­ци­ја нас­та­ну­ва нај­чес­то на лад­ни пов­рши­ни ка­ко ѕи­до­ви­те или та­ва­нот на при­мер. Со по­мош на изо­ла­ци­ја так­ви­те пов­рши­ни мо­жат да ста­нат по­топ­ли и со тоа зна­чи­тел­но би се из­бо­ри­ле со вак­ви­от проб­лем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот