„Мутава со харизма на згазена мачка“: КАРЛЕУША ја нападнала и навредила ќерката на ЦЕЦА

Јелена Карлеуша повторно ја започна војната со Цеца Ражнатовиќ, овој пат удирајќи најниско, на нејзината ќерката Анастасија, нарекувајќи ја „мутава згазена мачка“, пишува Дневнимагазин.рс.

На Инстаграм Карлеуша го поткачила бизнисменот Драгослав Илиќ, кој во Србија дошол за да го прослави роденденот, а веднаш на ист начин ѝ вратил Аца Лукас, кој присуствувал на прославата.

Тоа многу ја разлутило Карлеуша која веднаш му се заканила, му рекла да се прибере и да ѝ се извини. Потоа Јелена почнала да ја навредува Анастасија Ражнатовиќ.

„Наркодилерите и тие к*рви не ти се пријатели… А и гледам дека ова лошо оперирано Арканово младенче ти остава среќни коментари. Што да прави мутавата со харизма на згазена мачка, од убиец и од мајка „наногица“ не можела подобро да научи. Прибери се, Ацо. Ова сериозно ти го кажувам“, напишала меѓу другото Јелена на Инстаграм.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот