Мутафчиев: Не го негираме правото на Македонците да се нарекуваат Македонци

Никој не го негира правото на Македонците да се наруваат Македонци, вели членот на Националниот совет на опозициската Бугарска социјалиситчка партија (БСП), Петар Мутафчиев во интревју за софиската агенција Фокус.

– Нека бидат нарекувани така, ние сме Бугари. Нека зборуваат македонски, тоа е целосно нивно право. Нека работат за доброто на македонската држава, но да не се обидуваат да го менуваат минатото, истакнува Мутафчиев, кој е претставен како потомок на преродбеникот Кузман Шапкарев.

Според него, никој нема да се согласи да се прави каков било „процес на преродба на историјата”.

– Никој не е заинтересиран за тоа. Ајде да гледаме напред кон иднината, минатото е јасно, додава Мутафчиев.

Тој оценува дека „Македонија ја гради македонската нација само врз една етничка група”, што, според него, секогаш ќе претставува проблем за земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот