Мутациите на ковид-19 земаат замав во Европа: Раст на бројот на новозаразени во минатата недела за девет отсто

Фото: EPA-EFE/IDA GULDBAEK ARENTSEN DENMARK OUT

Бројот на новозаболени лица со ковид-19 во минатата недела се зголеми за девет проценти во 53 земји во Европа, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО).

Регионалниот директор на СЗО за Европа, доктор Ханс Клуге истакна дека минатата недела се регистрирани над еден милион случаи. Тој додаде дека порастот на новозаболени е посебно забележителен во Централна и Источна Европа.

Клуге наведе дека минатата недела и во некои западноевропски држави регистриран е раст на бројот на инфицирани лица со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот