Мустафа: Следната средба со Курти ќе биде одлучувачка за новата влада

Фото: Принтскрин

Мустафа додаде дека во текот на оваа недела би требало да биде познато дали ќе има договор или не.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа денеска изјави дека неговата партија нема да го разгледа предлогот на Движењето Самоопределување, и даде до знаење дека следната средба со Курти ќе биде одлучувачка за евентуално постигнување на договор за Влада.

Во изјава за медиумите Мустафа рече дека ЛДК не побарале зголемување на бројот на министерствата и дека веќе нема потреба разговорите со Самоопределување да траат по три часа.

– Повеќе не гледам причина да седнеме и да разговараме цели три часа и да излеземе како неми пред вас и јавноста. Единствената причина за која би се сретнале е да го потпишеме договорот. Следната средба треба да биде последната средба за завршување на договорот, или средба на која ќе се констатира дека не можеме да постигнеме договор. Ние ќе направиме напори таа средба да биде последна со намера да постигнеме договор – рече Мустафа.

Мустафа додаде дека во текот на оваа недела би требало да биде познато дали ќе има договор или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот