Мустафа: Самоопределување треба да го одреди датумот за формирање на влада, а не ние

Фото: МИА

Исто така во својата реакција, Мустафа вели дека Самоопределување не се консултирал со Демократскиот сојуз на Косово за изборот на нов спикер во собранието.

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, реагираше на изјавата на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, кој рече дека датумот за формирање на новата влада во Косово го одредува Демократскиот сојуз на Косово а не претседателот на државата.

„Демократскиот сојуз на Косово не одредува датуми. Датумот го одредува субјектот кој што победува на избори, таа го зима мандатот за формирање на влада. Но, ДСК, инсистира што побрзо да се формираат институциите, и ова не значи дека ДСК по секоја цена треба да биде дел од владата“, напиша Мустафа на социјалните мрежи.

Исто така во својата реакција, Мустафа вели дека Самоопределување не се консултирал со Демократскиот сојуз на Косово за изборот на нов спикер во собранието.

Како што се знае на конститутивната седница на новото косовско собрание кое се одржа на 26 декември за претседател беше избран Глаук Конјуфца од Самоопределување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот