Мустафа: Преговорите со Самоопределување не се замрзнати, не треба да има недоверба меѓу нас

Фото: Arbresh.info

Претседателот на Демократската Лига на Косово, Иса Мустафа, по средбата со претседателите на ограноците на партијата, истакна дека разговорите со Движењето Самоопределување не се замрзнати.

Според него, прашањето за тоа кој ќе биде нов претседател на државата, е принципиелно прашање за неговата партија.

-Договорени сме за владината програма, ни простануваат само неколку работи, ние ќе продолжиме во градењето на доверба и ако довербата продолжи, тоа ќе се види и во идната влада и околу претседателот, кое за нас е принципиелно прашање, што треба да се случи. Нема ниту едно персонално барање во овие разгововори што сме ги воделе досега. За претседателот, кога ќе дојде време органите на ДЛК ќе го објават името, треба само да постои волја и доверба, за да се гласа Курти за премиер и да му ја дадеме оваа голема одговорност и да не се сомневаме, бидејќи ако се сомневаме работите нема да ни одат добро, затоа ние ќе продолжиме да бараме решение, денеска немаме закажано средба- истакна Мустафа.

Инаку, веќе неколку недели, двете партии, Движењето Самоопределување и Демократската Лига на Косово се обидуваат да најдат решение за заедничко владеење, но точката која ги разделува партиите е името на новиот Претседател на државата.

Од Демократската Лига на Косово, инсистираат тоа место да им припадне нив, додека Движењето Самоопределување бара заеднички кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот