Мустафа: На Самоопределување му понудивме едно министерско место плус, во замена за функцијата претседател

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, зборуваше пред медиумите после завршувањето на средбата на Генералното собрание на неговата партија.

Мустафа рече дека на средбата се договориле дека треба да продолжат напорите за постигнување на договор помеѓу нив и Движењето Самоопределување.

-Ќе направиме напори за постигнување на договор за коалиционирање со Самоопределување, не сметајќи го како договор помеѓу две политички противници, туку како коалиција за унапредување на земјата- истакна Мустафа.

Тој рече дека неговата партија му понудила на Самоопределување едно министерско место плус, во замена за функцијата претседател, но дека тоа не било прифатено од партијата на Курти.

-Ние понудивме предлог како да ја надминеме оваа пречка, но нема подготвеност од Самоопределување, ние понудивме да имаме 4 министерства, додека тие да имаат шест. Ние не зборуваме за конкретни министерства, јас не гледам некое министерство да се третира посебно- истакна Мустафа.

Прочитајте и...  Тафталиџе 2 и Нерези добија ново детско игралиште

Тој додаде дека следната средба помеѓу двете партии ќе се случи кога ќе бидат повикани од Движењето Самоопределување.

-Ќе одговориме на поканите на Самоопределување во моментите кога ќе не поканат, кога ќе треба да се решаваат личностите кои ќе владееат со земјата. Ако имаме доверба и меѓусебна почит, договорот ќе биде постигнат, договор кој ќе трае четри или осум години, а не договор кој ќе биде на тест веднаш со изборот на претседателот на државата-истакна меѓу другото Мустафа.

Прочитај повеќе

Филипче: Засега треба да бидеме внимателни до 6 март

Слободен печат

ДРАМА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Виничанец сомнителен на коронавирус побегнал низ прозорец, полицијата го чува во домашен карантин

МИА Агенција

Загина уште еден турски војник, а двајца се ранети на северозападот на Сирија

Слободен печат

Виена: Тинејџер 30 пати со нож ја прободел поранешната девојка, лекарите се борат за нејзиниот живот

Слободен печат

Министрите за здравство на земјите од ЕУ на состанок во Брисел за коронавирусот

Слободен печат

Американски Апелациски суд ја блокира програмата на Трамп за мигрантите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев му подари на Мицкоски значка со НАТО, Мицкоски нему празен „Луј Витон“ паричник

Слободен печат

Заев откри дека ќе биде носител на изборната листа во четворката

Слободен печат

Долгови или инвестиции, што дебатираа Заев и Мицкоски за економијата

Слободен печат

Трамп потврди: Ќе потпишеме договор со талибанците во Авганистан

Слободен печат

Заев ги покажа договорите од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ: Иста услуга еднаш 1,6 милиони, после 8 милиони евра

Слободен печат

Судир на автобус и воз во Пакистан, најмалку 14 загинати

МИА Агенција