Мустафа му даде рок на Курти до крајот на неделата да се договорат за формирање на влада

Фото: Принтскрин

Тој рече дека е во постојан контакт со Курти, но смета дека треба да седнат и да се договорат „ќе има ли, или нема да има договор” меѓу двете партии.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа изјави дека до крајот на неделава треба да се постигне договор за формирање заедничка влада со Движењето Самоопределување (ВВ), или пак, во спротивно, да се констатира дека нема услови за тоа, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната седница на партиското Претседателство, на која се разгледа ситуацијата околу преговорите со ВВ, како партија победничка на октомвриските избори, откако нејзиниот лидер Албин Курти го доби мандатот за состав на владата, Мустафа порача дека ЛДК останува посветен на постигнувањето договор, но дека притоа треба да се почитува волјата на граѓаните.

– Ние остануваме посветени да работиме за постигнување договор, меѓуто тоа треба да биде договор кој ја почитува волјата на граѓаните изразена на октомвриските избори. Ние сметаме дека договорот треба да резултира со балансирана и одговорна влада меѓу двете страни, согласно довербата што ни ја дадоа граѓаните, изјави Мустафа.

Тој рече дека е во постојан контакт со Курти, но смета дека треба да седнат и да се договорат „ќе има ли, или нема да има договор” меѓу двете партии.

– Ние дадовме предлог кој сметаме дека е мошне избалансиран и мислам дека ВВ треба да го третира со посебно внимание. Остануваме отворени да разговараме, но тоа да има исход што поскоро, до крајот на неделава да се договориме или да констатираме дека нема услови за договорот да биде постигнат, изјави Мустафа, нагласувајќи дека ЛДК „секако има волја за заокружување на договорот”.

Досега опозициските ВВ и ЛДК победија на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври во Косово, со тоа што партијта на Курти освои 26,27, додека онаа на Мустафа 24,55 отсто од гласовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот