Мустафа: Имаме притисок од странскиот фактор за формирање на влада

Фото: МИА

Амбасадите се заинтересирани Косово да има влада и поради тоа доаѓаат и разговараат со нас. И ние сме заинтересирани што поскоро Косово да добие влада, изјави Мустафа.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа потврди денеска дека меѓународните претставници во земјата, пред се амбасадорите од државите на „Квинтот” и Европската Унија (ЕУ), инсистираат Косово што поскоро да добие влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата со амбасадорот на Велика Британија во Косово, Николас Абот, одржана во седиштето на ЛДК, Мустафа изјави дека и неговата партија, која беше второрангирана на октомвриските парламентарни избори, зад Движењето Самоопределување (ВВ), е заинтересирана двете досега опозициски партии да постигнат договор за заедничка влада.

– Амбасадите се заинтересирани Косово да има влада и поради тоа доаѓаат и разговараат со нас. И ние сме заинтересирани што поскоро Косово да добие влада, изјави Мустафа.

Тој потврди дека на денешната седница на партиското претседателство ќе се третира прашањето на коалиција со ВВ, откако таа партија вчера официјално за мандатар за состав на новата влада го предложи својот лидер, Албин Курти.

– Ние имаме седница на претседателството денеска. Ќе разговараме за тоа прашање. Ќе се обидеме да изнајдеме начин за да постигнеме договор, изјави Мустафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот