Мустафа: Државната матура ќе се полага, ќе биде онлајн со тричлена комисија

-Сите професори во училиштата на ниво на град Скопје се вклучени во он-лајн наставата. Треба да ги оценуваме учениците и можам да кажам дека сме малку збунети, системски не се подржани овие работи, а и не сите учениците се во можност да одговорат на оваа задача, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ професорката во гимназијата Никола Карев, Елвира Мустафа.

Родителите ќе реагираат доколку децата ги добијат оценките од полугодие, а ќе се полага државна матура.

-Сметам дека оценките ќе се сведуваат на полугодишната оценка. Тука ќе има многу реакции од самите родители, децата можеби ќе имаат помала оценка, а ќе сакаат да ја поправат, што со ваков вид на настава ќе биде тешко. Државната матура ќе се полага. Имаме координација во училиштето и ќе биде онлајн со тричлена комисија, рече Мустафа.

Децата тешко ја поднесуваат изолацијата.

-Факт е дека децата сега се затворени и како на социјални битија ова тешко има паѓа. Мораме да ги сфатиме и на секаков начин да им помогнеме. Имаме е-дневник кој не функционира. Имаме барања од Министерството кои се тешко остварливи. Тоа е страшно, изјави Мустафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот