Муслиу со победнички гол до врвот во Унгарија! (ВИДЕО)

molfehervarfc.hu

Денеска во осмото коло од најсилното унгарско фудбалско првенство МОЛ Фехервар со резултат 2:1 на домашен терен го совлада Дебрецен. Целиот меч во победничките редови го одиграа двајцата наши фудбалери Висар Муслиу и Бобан Николов.

Во првото полувреме Ковач им донесе предност на домаќините, а израмни Аденији во 29 минута од средбата. Херој на МОЛ Фехервар беше македонскиот репрезентативец Висар Муслиу кој во 66 минута се најде на вистинското место за реализација и радост кај неговите навивачи.

За Муслиу кој дојде во клубот ова лето од Шкендија ова е втор погодок во унгарскиот шампионат, претходно стрелаше против Кишварда (3:0).

На табелата МОЛ Фехервар е на првото место со 21 бод, три повеќе од второпласираната екипа на Мезоковешд-Шори, а на третата позиција е Ференцварош со 18 бодови, но и два меча помалку.

Во прав момент блескаат нашите репрезентативци непосредно пред важниот квалификациски меч со Словенија во Скопје. Претходно објавивме и за погодокот на Езгјан Алиоски во Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот