Муслиу: Нашата цел е само победа против Ерменија!

kfshkendija.com

Висар Муслиу, еден од дефанзивците во најдобрата македонска репрезентација се надева дека во првите два натпревари од новото издание на Лигата на нации ќе се претстават во најдобро можно светло.

Според играчот на унгарскиот клуб, МОЛ Фехервар, целта на секој натпревар е победа, но тоа треба да се докаже на терените.

Среќни што сме заедно по веќе 10 месеци. Очекувањата ни се исти, откако почнавме да играме во Лигата на нации, нашата цел е само да одиме на победа, тоа го имаме во глава како победнички менталитет.

Но, тоа не кажува ништо доколку тоа не го покажеме на теренот. Се надевам дека ќе се подготвиме што е можно подобро, да одиграме на вистинско ниво против Ерменија, а потоа здрави и живи против Грузија – вели одбранбениот играч на нашата А селекција, Муслиу.

Во рамките од Лигата „Ц“ (група 2), в сабота (5 септември), избраниците на селекторот Игор Ангеловски на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе се соочат против Ерменија, а три дена подоцна во Тбилиси од 18.00 часот со Грузија.

Спировски: Фаворитската улога треба да ја потврдиме на терен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот