Муслиманскиот совет: Муслиманите во Франција не се прогонувани
Лидерот на Францускиот совет за муслиманска вера (ЦФЦМ) Мохамед Мусауи оцени дека муслиманите во Франција не се прогонувани. Тој се обидува да ја смири ситуацијата бидејќи револтот во Турција и на Блискиот исток расте по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за карикатурите на пророкот Мухамед. Во некои региони дури прераснува во масовни протести.
„Франција е голема земја, муслиманските граѓани не се прогонувани, тие можат слободно да градат џамии и да ја практикуваат својата религија слободно“, рече Мусауи.
„Знаеме дека промоторите на овие кампањи велат дека го бранат исламот и ги повикуваме муслиманите во Франција да бидат мудри. Сите кампањи за оцрнување на Франција се контрапродуктивни и создаваат поделби“, додаде Мусауи, барајќи од „верниците да ги бранат интересите на земјата“.