Муслиманската заедница бара брзо расветлување на инцидентот во џамијата во Тирана

Поглаварот на албанската муслиманска заедница, Бујар Спахиу реагираше во врска со сериозниот настан што се случи во џамијата „Дине Хоџа” во Тирана, каде верници беа прободени со нож од 34-годишен маж, додека биле на молитва.

Преку објавата на социјалните мрежи, Спахиу ги повика надлежните органи што побрзо да го „разјаснат овој настан што ги повреди верниците во овие денови на Рамазан”.

Наведува дека бил информиран од Муфтијата на Тирана, Лауран Лули, од медиумите, но во детали и од имамот на џамијата Ахмет Калаја, како и очевидци, кои потврдиле дека напаѓачот од улица влегол во џамијата и почнал да напаѓа, поврдувајќи и верници и членови на џамискиот одбор.

-За среќа повредените се вон животна опасност. Му се молиме на Бога за навно брзо закрепнување. Напаѓачот е во рацете на полицијата. Бараме од надлежните органи што побрзо да го разјаснат овој настан што ги повреди верниците во овие денови на Рамазан, напиша поглаварот Спахиу.

Според последните информации од болницата во Тирана поврдените се вон животна опасност а врз еден од нив, кој имал длабока рана во пределот на стомакот е извршен оперативен зафат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот