Муса ја однесе Хрватска во финалето на Европското првенство

twitter/HRS

Ракометната репрезентација на Хрватска е првиот финалист на Европското првенство.

Хрватска во епско полуфинале во кое се играа и продолженија ја совлада Норвешка со 29:28 и в недела во финалето ќе го лови првото европско злато.

Јунак на „коцкестите“ е пикерот Жељко Муса кој во последните секудни го постигна победоносниот гол во натпреварот на кој се играа две продолженија.


Иако за многумина Норвешка беше главен фаворит за златниот медал, Хрватите одлично го започнаа мечот, селекторот Лино Червар покажа дека е вистински гениј, постави одлична одбрана со која го запре нападот на Норвешка на само 10 голови во првото полувреме кое неговите избраници го добија со два гола разлика (12:10).

Во вториот дел, Норвежаните се созедоа и со серија од 7:3 дојдоа и до предност од 17:16 и ја вратија максималната неизвесност. До крајот на регуларниот дел се играше гол за гол, а шутот за победа на Домагој Дувњак беше блокиран од Норвежаните по што се замина во продолженијата од пет минути.

Во првите продолженија, повторно Дувњак одлучуваше, но овој пат го реализира пеналот откако истече времето и го однесе натпреварот во нови продолженија од по пет минути.

Во ист ритам продолжија и вторите продолженија. Се играше гол за гол, а по 75. минути резултат повторно беше израмнет (28-28). Во последните пет минути немаше гол се до последниот напад кој успеа да го реализира Муса и да и донесе на Хрватска победа од 29-28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот