Муртезани: Со помали инвестициски потфати, во можност сме да ја пуштиме првата меѓународна линија Македонија – Косово

Директорот на Македонски железници, Орхан Муртезани во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за железничката линија Скопје – Приштина, која како линија е замислена пред се за патниците од Приштина, кои доколку оттаму тргнат во 7:10 наутро, во Скопје ќе бидат нешто пред 10 часот.

-Исто така од 16:10 имаме воз кој од тргнува од Скопје, за во Приштина да пристигне околу 19:10. Оваа линија беше прекината околу една година, пред се, поради недостаток од влечни средства, но како резултат на помали инвестициски потфати сега сме во можност да ја пуштиме првата меѓународна линија Македонија – Косово, рече Муртезани, кој смета дека со активни дејствија на двете железници ќе заживее оваа линија и дека граѓаните ќе се навикнат да ја користат во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот