Муртезани: На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово во Приштина

Орхан Муртезани, министер за европски прашања/Фото: МИА

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово.

Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот.

-На 18 ноември Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоскиќе ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со влада. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската, кои се обидуваат да го покријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција продавајќи магла дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија, рече Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива од коалицијата „Вреди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот